ВИДЕО: Се проверуваат нови 30 граѓани од Скопје, Куманово и Дебар за коронавирус

Од:

Вкупно 35 заболени и нови 30 тестови се моментално на анализа во Институотот за јавно здравје, информираше минситерот за здравство Венко Филипче на последната прес-конференција. Тој вели дека лицата кои се тестираат за коронавирус немаат симтоми и се дел од скринингот кој претходно го најави.

„Се прават анализи на 30 лица, едно од Куманово, две од Скопје и останатите 17 се од Дебар и околината, а по скринингот односно индикацијата за тест. Станува збор за лица кои немааат симтоми но е можно да биде во контакт со кој од заболените. Ние имавме разговор со нашиот инфектолог, како и локалните инфектолози и тие имаат алгоритам по кој постапуваат“, рече Филипче.

Тој посочи дека вчера касно во вечерта се дијагностицирани уште 4 пациенти позитивни на вирусот. Состојбата на сите е стабилна и со лесна клиничка слика.

„Вкупната бројка е 35. Вчера касно вечерта се изработија резултати на уште 4 пациенти кои беа во врска со претходно дијагностицирани, како групата од вчерашниот ден која беше последно дијагностицирана, а врз основа на епидемиолошките резултати кои тие ги дале при анкетирање. Сите се со лесна клиничка слика, стабилна е ситуација на сите пациенти кои се на Клиниката за инфективни болести, како и на пациентите од Дебар, но и на пациентката која е на респираторна машина“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска