Се проверува дали имало прислушање и во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Од:

Во тек е вештачење на хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, затоа што при непосредната контрола не постоеја технички можности да се утврди дали и таму било снимано. Сé уште не знаеме дали и во ова Обвинителство било прислушувано, рече на денешната прес-конференција јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека во зградата на ЈОРМ неспорно е дека дека има снимени разговори.

-Прво да го завршиме вештачењето во Обвинителството за организиран криминал и корупција, па преминуваме на проверки за неовластеноста во снимањето и потоа евентуално во прислушување доколку имаме пристап на тие разговори на лица неовластено од надвор, рече Рајчев.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку месеци на брифинг со новинарите објави дека од 30 септември 2016 година биле прислушувани фиксните броеви од телефонскaта централа во ЈОРМ и во два хард диска се снимани сите комуникации.

Централата за фиксна телефонија во ЈОРМ била инсталирана во 2013 година кога била и вселена зградата, па затоа ќе се истражува дали опремата била набавена со опција за снимање, или тоа дополнително било направено.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир