Се пролонгира сертифицирањето за енергетска ефикаснот за старите објекти

Од:

Собранието на Република Македонија, во рамки на продолжението на 37. седница, денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за енергетика и Дополнетиот предлог на Законот за внатрешни работи.

Со предложениот Закон за изменување на Законот за енергетика, кој се носеше по скратена постапка, се утврдува делот за енергетска контрола и издавање енергетски пасош да се применува само за нови објекти од сите категории, а за постојните објекти да важи од влезот на Република Македонија во Европската унија, при продажба и давање под закуп. Исто така сертификатот за енергетска контрола за државните и за сите правни субјекти нема да се обновува на три години туку неговата важност ќе биде 10 години.

Пратеничката Роза Топузовска Каревска истакна дека измените не се во согласност со членот 129 од постојниот Закон за енергетика. Не се согласува со важноста на сертификатот од 10 години, како и со одложувањето на примената за постојни објекти до влезот на земјата во ЕУ. Според неа, не се почитуваат европските стандарди и законите за енергетска ефикасност, што ќе биде на штета на граѓаните поради бенефитите за нив и за животната средина воопшто.

Министерот за економија Беким Незири појасни дека за постојните објекти се пролонгира сертификатот за енергетска ефикасност, додека за новите објекти сопствениците ќе мора да го поседуваат.

– Причина за пролонгирањето е тоа што Министерството за економија и Владата се трудат да отворат нов фонд кој ќе се нарекува Фонд за енергетска ефикасност и којшто треба да им помогне на граѓаните од постојните објекти со субвенционирање за енергетска ефикасност, рече Незири. Според него, 80 отсто од средствата за стекнување сертификат за енергетска ефикасност во европските земји се обезбедуваат преку тие фондови.

Светлана Јакимовска, предлагач на дополнетиот предлог на Законот за внатрешни работи појасни дека се работи за измена на еден член на Законот за внатрешни работи. Согласно потребите на хиерархиската поставеност односно од процесот на унапредување, се предлага зголемување за две нивоа на раководните нивоа од категориите Б и В.

– Во нивото Б според постојниот закон има шест нивоа, додека со измените се предлага тоа да се зголеми на осум. Во категоријата В од 4 нивоа се предлага зголемување на шест нивоа, изјави Јакимовска.

Пратениците ја констатираа и потребата за носење на измените на Законот за шуми. Со предложениот закон се доуредува проблематиката за вработување во шумарскиот сектор.

Исто така на натамошно читање е даден и Предлог на закон за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата, поднесен од група пратеници.

Пратеничката Олга Најденовска посочи на податоци од студија направена од факултетите на УКИМ лоцирани во Автокоманда. Според нив, парк-шумата филтрира 5.294 тони прашина, а ослободува 970, 64 тони кислород. Посочи на бенефитите што би можеле граѓаните да ги имаат од парк шумата. Се предлага парк-шумата да се вика Парк на природата којшто ќе биде од четврта категорија.

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки