Се продлабочува соработката помеѓу Гостивар и Акхисар, најавени инвестиции

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, придружуван од раководителот на Канцеларијата за локален економски развој, Бесим Догани, бизнисменoт Хајбер Таравари и координаторoт на посетата Гзим Хаџи Ејупи, при престојот во Република Турција ја посетија општината Акхисар.

Делегацијата од Општина Гостивар се сретна со градоначланикот на Акхисар, Салих Хизли, неговите помошнци Латиф Чакмак, Омер Ишчи, директор за односи со јавноста Ибрахим Топалоглу, како и со претседателот на АК партијата за Акхисар, Ибрахим Сајин.

Градоначалникот на Ахисар, Салих Хизли првично му честиташе на градоначалникот Таравари за неговиот избор на чело на општина Гостивар, изразувајќи подготвеност за соработка меѓу двете институции со кои раководат.

Тема на средбата беше размената на позитивни искуства, со посебен акцент креирање и имплементација на проектите.

Исто така, беа разгледани можностите за воспоставување на соработка во повеќе области кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Во духот на интензивирање на институционалната соработка, челниците на Општина Акхисар му донираа на Јавното претпријатие “Комуналец” облека и обувки за педесетина вработените во претпријатието.
На средбата беше договорено во март или април да има повторна посета на Општина Гостивар. Во состав на делегацијата ќе бидат и бизнисмени од регионот Акхисар, а целта на посетата ќе биде разгелдувањето на можностите за конкретни инвестиции на територијата на Општина Гостивар.

Градоначалникот Таравари истакна дека градот Гостивар е симбол на мултикултурни градови каде што повеќе заедници живеат во целосна хармонија.

На крајот на средбата, домаќинот Салих Хизли, на градоначалникот Таравари му поклони симболичен подарок од порцелан изработен од Општинската уметничка работилница, како и дрес од градскиот фудбалски клуб на Акхисар. За возврат, градоначалникот Таравари на домаќинот му го поколони симболот на градот Гостивар.

За време на посетата на Ахисар, делегацијата од Општина Гостивар присуствуваше на инаугурацијата на новиот градски стадион.

Потсетуваме дека Гостивар и Акисар од Република Турција, се збратимени општини.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли