Се превртел трактор, загинала сопатничката

Од:

Р.Ц.(74) од селото Горно Варовиште, Кривопаланечко, починала откако тракторот во кој била сопатник, се првертел, а приколката ја поклопила.

Немилиот настан се случил вчера утрото во местото викано Санде-Калина, а пријавен е околу 09:00 часот во Полициската станица Крива Паланка.

Според МВР, тракторот се движел по некатегоризиран пат во Горно Варовиште, а со него управувал М.Ц. кој, пак, здобил повреди и е пренесен во Здравствен дом – Крива Паланка.

Увид извршила екипа од Полициската станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип