Се преврте камион на патот Скопје – Блаце

Од:

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце. Сообраќајот привремено бил во прекин до завршување на увидот на МВР. По увидот, сообраќајот бил вратен во нормален режим.

Во несреќата нема повредени.

„На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Излета камион кај клучката Хиподром, во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски

АМСМ: Пренасочување на товарниот сообраќај кај Долно Блаце

Нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на Г.П. „Блаце“