Се претставувале како обвинител и санитарен инспектор и барале пари од жртвите

Од:

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид.

Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од први до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје. Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор.

Исто така, на 13.12.2024 ги довел во заблуда С.М. и М.Ч., претставувајќи се како државен санитарен инспектор. Притоа, тој ги известил дека од продажен објект во Гевгелија имало труење со храна на дете, при што побарал да му исплатат 1.000 евра.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Полицијата уапси двајца мажи за предизвикување пожари на отворено

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка