Се прави план за заразените со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата „8 септември“, да се префрлат во Инфективната клиника

Од:

Министерството за здравство прави план, со кој, сите пациенти заболени од коронавирусот кои се лекуваат во болницата „8 септември“ ќе бидат преместени на лекување во Инфективната клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека целта е целосно да се ослободат капацитетите на ГОБ „8 септември“ за пациенти со други заболувања, иако и досега имаше патека за движење на лица кои немаат коронавирус.

„Во болницата „8 септември“ има патека за пациенти кои не се заболени од Ковид-19, цело време за време на оваа криза. Интензивна нега, ќе кажам, е чиста на некој начин, има операциони сали и болнички кревети за таа намена. Во ниту еден момент не е компромитиран овој друг, работен процес. Тоа што сега се прави оној распоред на пациентите во клиниките, да евентуално се ослободи капацитетот на болницата ‘8 септември’ целосно, со оглед на тоа што сите пациенти можат да се лечат на Инфективната клиника, меѓутоа, на тоа интензивно работиме изминативе денови“, рече Филипче.

Инаку, министерот соопшти дека и натаму останува на сила забраната, хронично болните да не одат на работа.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски