Се прават појаси да се спречи пожарот во село Робово

Од:

Се прават напори да се спречи пожарот да влезе во село Робово. До првата куќа во селото која е најблиску до пожарот се прават појаси за да се спречи негово палење на куќите.

На терен се пожарникари, шумска полиција, австирско противпожарно возило, доброволци, мештани и останати кои сакаат да помогнат и со надчовечки напори се обидуваат да спречат голема катастрофа.

На терен се и екипи од Здравствениот дом од Пехчево кои велат дека засега нема повредени и додаваат дека ќе бидат присутни се со цел да помогнат при евентуална укажана потреба.

– Имаме лесни повреди во вид на презаситенсот од јаглеродиоксид, мали изгоретинки, но засега ништо посериозно по здравјето на учесниците на гаснењето на пожарот, изјави директорката на Здравствен дом Пехчево, Руменка Станоевска.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски