Сè повеќе заразени со коронавирус меѓу вработените во велешките јавни установи

Од:

Поради сè посилниот бран на зараза со Ковид-19 во градот, а со кој се зафатени и дел од инстутуциите, градоначалникот Аце Коцевски денеска апелира до вработените во установите да пријават ако има заразен член на нивното семејство, со цел да го заштитат здравјето на останатите вработени.

Тој информира дека во ЈКП„Дервен“ пет вработени се инфицирани со вирусот, од кои еден е во велешката болница, а четири се на домашно лекување,а двајца се во изолација.

Тој информира дека две службеничка од Општина Велес се наоѓаат на лекување во Инфективното одделение на велешката Општа болница. Информира дека изолацијата на еден вработен службеник завршила вчера, но сега има други службеници и службенички од Општина Велес, кои се во изолација, заради тоа што некој од членовите на семејствата е позитивен или е со симптоми на Ковид.
Од тие причини тие одлучиле овие службеници да останат дома, а се’додека не добијат резултати од ковид тестовите за да не ги доведат во опасност здравјето на останатите вработени во општинската администрација.

Коцевски информира дека од СВР Велес вршат контрола на 358 лица кои се во изолација. Од нив 220 се во изолација заради контакт со позитивен на Ковид, а 38 се позитивни и се лекуваат во домашни услови.

– Против едно лице е покрената кривична постапка заради непочитување на мерките, појасни Коцевски.

Тој информира и дека пет полициски службеници се позитивни на Ковид и се во домашна изолација.

Инаку оваа неделава во СВР Велес еден позитивен полициски службеник за жал почина во Инфективната клиника во Скопје, а како последица од ковид.

Во изминатите осум дена СВР Велес издал 353 прекршочни налози за неносење на заштитни маски.

Коцевски најави дека СВР Велес ќе започнат со интензивна контрола дали јавните превозници во градот и општината ги почитуваат мерките за заштита при превоз на вработените до работните места.

-Се уште во Велес не е изречена казна по овој основ ,а СВР Скопје веќе има изречено кривични пријави против јавни превозници кои не ги почитуваат мерките, информира Коцевски најавувајќи засилени контроли во јавниот превоз на работниците.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска