Сè повеќе полицајци го тужат МВР

Од:

Расте бројот на полицајци кои го тужат својот работодавец. Според независните синдикати, тие бараат отштета по разни основи , меѓу кои најголемиот број се за неисплатена хранарина, патни трошоци или разлика во плата за прекувремена работа. Ги охрабрува искуството на колегите кои во изминатите неколку години без многу проблеми добиле надомест во просек од илјада до три илјади евра. Станува збор за огромни суми, бидејќи , покрај овие пари, со судска одлука на товар на МВР паѓаат и судските трошоци и каматите за неколку години, известува Телма.

– Во делот на МВР според нашите сознанија исплатени се околу 8 милиони евра.Оваа сума се однесува на период од 5 години – вели Гоце Делчев Тодев, координатор на Конфедерацијата на синдикални организации.

Делчев предупредува дека се подготвува нова серија тужби чија вкупна вредност повторно ќе се брои во милиони евра. Вработените се незадоволни поради тоа што подолг период немаат добиено нови чевли и чизми, спорен е квалитетот на униформите, а основа за тужба е и лошата состојба во која што се наоѓаат возилата на граничната полиција.

– Тие се полоши од најлошите на кој било отпад. Ние како полиција возиме такви возила, а од граѓаните бараме да купуваат автомобили кои задоволуваат одредени стандарди – вели Делчев.

Делчев, кој и самиот четири пати до сега го тужел МВР за што добил вкупна отштета од 320 000 денари, прашува дали министерката Јанкулоска конечно ќе побара одговорност од правната служба.

– Можеби некој намерно и сервира вакви проблеми. Очигледно некој се богати врз грбот на припадниците на МВР, како на пример адвокатите, извршителите, но банките преку пресметаните камати – вели Делчев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас