Се поставуваат автобуски стојалишта во Крива Паланка

Од:

На подрачјето на Крива Паланка, во градскиот и приградски реон ќе бидат поставени 12 автобуски стојалишта, информираат од локалната самоуправа на општината.

Едно стојалиште е веќе поставено на главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, на автобуската постојка кај „Пролетер“.

– Секојдневно и неуморно работиме на подобрување на урбаниот изглед на општината. Во следниот период ќе бидат поставени 12 автобуски стојалишта на утврдените локации. Продолжуваме заеднички за наша, модерна, европска Крива Паланка, рече Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

Информира дека тековно се работи и на подобрување на патната инфраструктура во градот и околните села.

– Од пред неколку дена патниот правец село Мождивњак – село Каврак е целосно рехабилитиран, а за сите љубители на природата и рекреативното спортување, општина Крива Паланка интензивно работи на уредување на пешачко рекреативна патека во должина од околу 900 метри која се наоѓа во високата зона на левиот брег на Крива Река, додаде Мицевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори