Се популаризира планинарскот туризам во Пехчево

Од:

Планинарите од планинарското друштво „Кадиица“ од Пехчево во соработка со Општина Пехчево и приватниот туристички сектор работат на популаризација на планинарскиот туризам.

На денешната прес-конференција, претседателот на ПД „Кадиица“ од Пехчево, Марјан Митриновски, кој е и локален туристички водич, истакна дека изминативе две години во Пехчево се изградени неколку планинарски патеки до најинтересните планински врвови за кои постои огромен интерес за планинарење од страна на планинари од целиот Балкан.

– Во општина Пехчево во последниве години условите за развој на планинарскиот туризам се на многу високо ниво. Во соработка со хотел „Гогов“ имаме обележано повеќе планинарски патеки, а стандардната маршрута ни е до врвот Кадиица во должина од 25 км, потоа до врвот Ченгино Кале, имаме обележано мотопатека во должина од 36 км, потоа во соработка со хотел „Гогов“, општина Пехчево и ние планинарите, изградивме адреалиснка патека и зип линија која е единствена од таков вид во државава и пошироко, рече Митриновски.

Тој додаде дека љубителите на планината од целиот Балкан се чести гости на врвот Кадиица на 1932 метри, бидејќи од Кадиица има најубав поглед на Пирин и на Рила.

Викендов што измина во Пехчево се одржа Првата меѓународна планинарска средба на планинари од Бугарија, Србија и Македонија по текот на веќе традиционалните меѓународни средби на Беласица, Титов Врв, Руен што се покажа како одлична формула за промоција на планинарскиот туризам.

– Дојдоа планинари од цел Балкан, од Србија, од Бугарија, од Македонија. На врвот бевме околу 300 планинари, од кои 150 планинари се искачија од бугарска страна, меѓу кои и планинарите од Србија, а од наша страна се искачија планинари од 18 друштва, како и околу 30 планинари од Бугарија од Ќустендил, додаде Митриновски.

Соработката со планинарите од Бугарија, посебно Влаинката од Софија со потекло од Крушево, Марија Атанасова од Туристичко друштво „Драгалевски орли“ и Стојан Јотов од Петрич, најавува дека планинарската средба на Кадиица ќе стане традиционална, а има најава за учество на планинари и од другите држава што од своја страна ќе му донесе на Пехчево нов квалитет во туристичката понуда што е и стратешка цел на малата малешевска општина.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он