Се помалку ковид-пациенти во болниците, можно олеснување на рестрикциите

Од:

Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера појасни дека тоа се однесува пред се на полицискиот час и на препораките за организација на другите настани.

–Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна Филипче.

По подолго време нема хоспитализирано нови пациенти поради компликации од коронавирусот во ковид центрите во Скопје. Изминатото деноноќие немало приеми на Институтот за ТБЦ, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Континуирано и дневно се прават исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.

Здравствените власти информираат дека во болниците има слободни места, а сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во земјава се намалува и бројот на активни случаи со Ковид-19. Според епидемиолошки анализи, во Скопје има 439, Куманово – 107, Прилеп – 57, Охрид – 54… , а по еден активен случај има во Дебар, Пробиштип и Валандово. Во повеќе општини нема активни случаи на Ковид-19, како во Дојран, Пехчево и Демир Капија,

Во претходното деноноќие од направени 2.456 тестирања беа регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19. Како оздравени се регистрирани 26 пациенти, а починаа шест лица. Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите четири во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057. Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски