Се покритично во ковид центрите: 71 нов пациент во Скопје, вкупно на лекување се 1193 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 71 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 514 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупно 514 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 679 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1193 и има околу 290 празни болнички кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 103, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 8, Кавадарци 74, а во Гевгелија 16 лица.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска