Се подготвуваат 28 вакцинални пунктови во салата „Билјанини извори“ во Охрид, наскоро ќе почне масовна имунизација

Од:

Во тек е подготовка на спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во салата, како што посочува министерот, се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1500 граѓани.

– За вакцинација во салата се ангажирани 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работат во две смени. Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово, напиша Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски