Се палат трските за да се поставуваат диви шатори во Струга

Од:

По секојдневното палење на трската во Струга, редовно никнуваат нови објекти во вид на шатори кои нудат угостителски услуги. Повеќе од јасно е дека трската се пали намерно, но нејасно е зошто државата е летаргична и не презема акција да се справи со криминалот на локалните моќници.

Со самото молчење и несакционирање државата е учесник во сето уништување на трската која веќе ја снема на потегот од Подмоље до Калишта. Наместо да ги отстранува сите објекти кои се нелегални, државата калкулира во предизборниот период со што ваквите несакнционирани активности земаат на сила.

И по последното палење на трската во изминативе недели, за разлика од реакцијата за нејзино гаснење, експресно се чисти и израмнува теренот по пожарот, и се појавуваат времени објекти во вид на бели шатори за угостителски услуги, кои се дивоградби.

Еко активистите се сложни дека трската се пали за да се градат нелегални времени објекти, плажи на диво, па дури и хотели. Противпожарната единица во Струга некогаш и предоцна интервенира како пред две недели кога помина час и половина додека дојде возило за гаснење на пожарот, односно откако изгоре поголем дел од трската.

Трската преставува филтер на езерото, ја прочистува водата, рибите таму се размножуваат, а во неа живеат многу птици и други животни.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга