ВИДЕО: Се олеснува увидот во податоците за стаж и плата за вработени во МВР

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување денеска потпишаа Меморандум за соработка со што се овозможува успешно превземање на податоците на околу 12.000 вработени во МВР од страна на ПИОМ.

Со ова се овозможува сите вработени во Министерството да имаат увид во податоците за стажот, платите, пријавите и одјавите.

Меморандумот за соработка го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Фондот Шаип Зенели.

Спасовски изјави дека за поедноставување на увидот во податоците во ПИОМ е изработено софтверско решение и оти за таа цел се остварени средби на експерти од двете институции.

– Од исклучителна важност е потпишувањето на еден ваков Меморандум за да се олесни работата и на МВР и на Фондот, а да бидат задоволни нашите вработени во МВР, рече министерот.

Со потпишувањето на овој Меморандум, според Спасовски, сите вработени во МВР на брз и ефикасен начин ќе можат да добиваат податоци за стажот, за бенефицираниот стаж, за сопствената плата…

– А оваа размена на податоци ќе олесни и на вработените и на Фондот, рече министерот за внатрешни работи.

Зенели рече дека целта е утврдување на платите и на стажот на вработените во МВР.

– Бидејќи МВР е едно од најголемите наши корисници и идни пензионери, со ова се средува М4, утврдување на плати и стаж на вработените во МВР и пред 2006 година, рече Зенели.

Владата ги задолжи МВР и Фондот во ноември лани да изнајдат решение за врабоитените во МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет