Се одложи уривањето на „Мостот на желбите“ во Охрид

Од:

Иако за утрово беше најавено уривање на „Мостот на желбите“ кој ја поврзува наеслбата Канео со центарот на градот во Охрид, тоа не се случи.

Локалната самоуправа привремено попушти под притисокот на граѓаните и барем во летната сезона мостот нема да се сруши.

Тиесетина жители на населбата Канео утрово протестираа против одлуката да се урива мостот затоа што горниот пат до нивните куќи е многу подолг.

Тие велат дека ако е потребно ќе го бранат и со жив штит бидејќи мостот е големо олеснување на патот до нивните домови.

Мостот е изграден со донација на бизнисменот Велија Рамковски уште во 2009 година.

Уривањрто најверојатно ќе се случи по завршувањето на летната туристичка сезона во Охрид.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум