Се одложи „Плацови на Водно“, се преведуваат доказите од англиски на македонски јазик

Од:

Се одложи второто рочиште за „Плацови на Водно“, на кое обвинетите требаше да се произнесат дали се чувствуваат виновни за делата за кои се гонат. Кривичниот суд соопшти дека рочиштето нема да се одржи бидејќи одбраната ги бара доказите преведени од англиски на македонски јазик. Втората причина е бидејќи адвокатот кој на обвинетиот Никола Груевски му беше назначен по службена должност е зафатен во предметот „ТНТ“ чие рочиште е закажано во исти термин.

Обвинителката Лиле Стефанова најави голем број сведоци и докази за случајот „Плацови на Водно“, односно начинот на кој експремиерот Никола Груевски ги трошел парите наменети за партијата. На обвинителка клупа седнаа бизнисмените Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, мајката на Камчев, Ратка Камчева, кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Првообвинет во случајот е Груевски, азилант во Будимпешта.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање имот“. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Би можело да ве интересира

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“

Ана Ололовска

Одложено судењето за „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

Ана Ололовска

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“

Ана Ололовска

Андов демантира дека Камчев се лекува со сол и газирана вода во затворот во Шутка, немал висок притисок

Ново рочиште за случајот „Плацови на Водно“

Ана Ололовска

Груевски: Не сум купувал и продавал станови и земјишта, Заев прави театар

Мери Јордановска