Се очекува лекот Ивермектин од утре да биде достапен во аптеките

Од:

Лекот Ивермектин кој се користи за лекување на заболени од Ковид-19 веќе е стигнат во земјава и од утре ќе се продава во аптеките ширум земјава, изјави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани.

Цената на лекот, како што посочи директорот, ќе изнесува околу 300 денари.

-Лекот е стигнат во земјава, се прават последни процедури за да се стави во промет и најверојатно од утре веќе ќе биде достапен. Цената на лекот ја одредува Министерството за здравство, но мислам дека ќе чини околу 300 денари, рече Шабани.

Тој минатата недела информираше дека се одобрени сите барања од болниците и веледрогериите кои ги исполниле услови.

– Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците, изјави тогаш Шабани.

Ивермектинот, кој инаку се користи за лекување против паразити, ја забавува или целосно ја стопира делбата на коронавирусот кај еден дел од пациентите, покажаа неколку скорешни студии.

Министерот за здравство Венко Филипче неделава изјави дека Ивермектин ќе примаат некои ризични групи.

„Лекот ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од Ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска