Се очекува до крајот на годината да биде изградена карабината на црквата „Света Петка“ во Прилеп

Од:

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески денеска изјави дека, доколку дозволат временските услови, до крајот на годината ќе биде изградена карабината на големиот црковен храм „Света Петка“ во прилепската населба Точила.

Овој верски објект се гради со донации од верниците, граѓаните, бизнис секторот и од буџетот на локалната самоуправа. Овој пат од буџетот на општината се издвоени еден милион и шестотини илјади денари со кои се продолжи интензивирањето на надворешната градба на овој верски објект.

– Оваа црква ќе биде своевидно верско светилиште за околу 20.000 верници од тој дел на Прилеп и населбата „Точила“ и токму затоа инсистираме на што поскора доизградба, изјави Ристески.

Наскоро се очекува да се доизградат уште два црковни храма – параклиси во Прилеп: едниот „Свети наум Охридски“ кај спортската сала Македонија, а другиот „Свети Константин и Елена“, кој е веќе осветен и се наоѓа во прилепската населба „Аличаир“.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена