Се обновуваат фонтаните во општина Кисела Вода

Од:

Во општина Кисела Вода се работи на санација на фонтаните. Од општината информираат дека фирмата која била избрана за најповолна на тендерот веќе завршила со санација на неколку фонтани и оти на останатите се работи и тие ќе бидат пуштени во текот на неделата.

– Се работи за пет фонтани кои се поставени во поголемите паркови и на локации каде често се собираат жителите на општината. Паралелно се работи и на санација на реквизитите во детските игралишта, како жителите би можеле во целост овие места да ги искористат за она за што се наменети, за одмор и рекреација, информираат од општината.

Оттаму апелираат на совесно однесување од страна на граѓаните и чување на урбаната опрема и детските реквизити.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он