Се нормализира снабдувањето со електрична енергија во Кичево

Од:

Корисниците од центарот на градот Кичево и од поголемиот дел од градот се префрлени на 35 киловолтна мрежа на ЕВН и добија напојување со електрична енергија. Во прекин беа 110-киловолтните далекуводи на МЕПСО, па затоа градот Кичево и околните населени места беа без напојување.

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски  изјави дека екипи на ЕВН Македонија и на МЕПСО заеднички бараа решение за да може да се напојува градот Кичево од друга напојна точка. Се прават уште обиди да се префрлат и околните населени места и околните села околу Кичево на мрежата на ЕВН за да може да се снабдува непречено со електрична енергија овој регион се додека не бидат отстранети дефектите на 110-киловолтните далекуводи на МЕПСО.

– Постојано сме во координација со локалната самоуправа и со сите други релевантни фактори кои треба да помогнат во изнаоѓање на решението да се надмине проблемот со снабдување со електрична енергија во Кичево кој настана од големото невреме и од тешкиот снег кои искинаа многу проводници, рече Ковачевски и додаде дека екипите на ЕВН Македонија и понатаму работат и ќе бидат постојано на терен за помалите дефекти кои евентуално може да се јават во централното градско подрачје.

Вчера во Кичево беа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и членот на УО на ЕВН Македонија Игор Гиевски, како и директорот на МЕПСО Синиша Спасов со цел да може да се најде најдоброто можно решение градот да добие напојување со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 15 мај 2026 изнесува 118,89 евра за мегават час, на МЕМО 83,18 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Горан Наумовски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 април 2026 изнесува 98,21 евра за мегават час, на МЕМО 65,19 евра за мегават час