Се нормализира снабдувањето со електрична енергија во Кичево

Од:

Корисниците од центарот на градот Кичево и од поголемиот дел од градот се префрлени на 35 киловолтна мрежа на ЕВН и добија напојување со електрична енергија. Во прекин беа 110-киловолтните далекуводи на МЕПСО, па затоа градот Кичево и околните населени места беа без напојување.

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски  изјави дека екипи на ЕВН Македонија и на МЕПСО заеднички бараа решение за да може да се напојува градот Кичево од друга напојна точка. Се прават уште обиди да се префрлат и околните населени места и околните села околу Кичево на мрежата на ЕВН за да може да се снабдува непречено со електрична енергија овој регион се додека не бидат отстранети дефектите на 110-киловолтните далекуводи на МЕПСО.

– Постојано сме во координација со локалната самоуправа и со сите други релевантни фактори кои треба да помогнат во изнаоѓање на решението да се надмине проблемот со снабдување со електрична енергија во Кичево кој настана од големото невреме и од тешкиот снег кои искинаа многу проводници, рече Ковачевски и додаде дека екипите на ЕВН Македонија и понатаму работат и ќе бидат постојано на терен за помалите дефекти кои евентуално може да се јават во централното градско подрачје.

Вчера во Кичево беа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и членот на УО на ЕВН Македонија Игор Гиевски, како и директорот на МЕПСО Синиша Спасов со цел да може да се најде најдоброто можно решение градот да добие напојување со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски