Се намалува бројот на заболени од коронавирус во МВР

Од:

По седум дена, бројот на заболени вработени во Министерството за внатрешни работи почна да се намалува. Од вкупно евидентирани 91 заболен во целото министерство, и натаму се лекуваат 74 од нив, потврдуваат оттаму за „А1он“. Споредено со минатиот петок, кога имаше 77 активни случаи, сега бројот е намален за три заболени помалку.

Од МВР не дадоа информација од кои единици се новозаболените од коронавирус. Досега, заболени имаше од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи, Одделот за гранични работи и миграција, Кабинет на министер, бифето на МВР, Одделот за обезбедување на лица и објекти како и во дел од Секторите за внатрешни работи на ниво на држава.

Како и минатата недела, така и сега се забележува нов пад на бројот на вработени кои се во самоизолација поради контакт со лице заболено од вирусот. Ако минатата недела 239 лица добија решение, оваа недела, бројот се намалува на 229, што значи дека на работа се вратиле десет лица. Досега, изолирани со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат биле 440 лица вработени во МВР.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он