Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во скопските општини

Од:

За разлика од пред една недела, забележителен е пад на активните случаи на Ковид-19 во скопските општини.

До пред една недела, седум скопски општини имаа трицифрени бројки на заразени од Ковид-19, додека според денешните бројки од Министерството за здравство, трицифрена бројка има во четири – Чаир, Аеродром, Гази Баба и во Карпош.

Бројот на активни случаи во Скопје сега изнесува 1067, што е за 164 случаи помалку од минатата недела.

Ова се последните бројки на активни случаи на Ковид-19, според општини во Скопје:

• Чаир – 150
• Аеродром – 132
• Бутел – 65
• Гази Баба – 120
• Центар – 90
• Карпош – 108
• Сарај – 39
• Кисела Вода – 89
• Ѓорче Петров – 76
• Студеничани – 33
• Шуто Оризари – 85
• Арачиново – 20
• Илинден – 20
• Петровец – 8
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 11
• Зелениково- 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 3

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска