Се налутил дека не му дозволиле да гласа со неважечка лична карта, па ги снимал со мобилен

Од:

Граѓанин денеска се обидел да гласа приложувајќи лична карта со поминат рок на важење, но членовите на избирачкиот одбор не му дозволиле.

Тој се налутил и започнал вербална расправија, притоа со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ „Петар Поп Арсов“. Јавен обвинител презема дејствија за расчистување на инцидентот“, информираат од Обвинителството.

Од Државната изборна комисија, информираа дека денешното гласање за предвремените парламентарни избори започна навреме во 7 часот и тече без прекини.

Би можело да ве интересира

Во недела ќе гласаат 1.013.375 граѓани, за гласање пријавени се и 4.826 болни лица

Горан Наумовски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

ДИК: Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15.30 часот го оствариле 810 гласачи

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор