Се мобилизира медицински кадар за помош на повредените во автобуската несреќа

Од:

Триесетина пациенти од страотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово се пренесени во Градската болница „8 септември“. Извори за „Макфакс“ тврдат дека во моментов има општа мобилицација на медицински кадар, повикани се голем број анестезиолози и медицински сестри под итно да пружат помош на повредените во несреќата.

Неофицијално, има патници кои имаат повреди на главата и на дел од нив ќе бидат извршени хируршки интервенции. Дел од патниците се пренесени на Клиничкиот центар каде под итно им се пружа медицинска помош.

Според екипата на „Макфакс“ од терен, извлечени се сите патници и пренесени во медицинските установи во Скопје.

Нашиот новинар на терен сведочи дека на лице место има голем број полициски екипи, противпожарни возила и десетина амбулантни возила.

Автопатот Скопје – Тетово е целосно во прекин.

Неофицијално, во несреќата што се случи по 17 часот, загинати се две лица.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски