Се менува режимот за влез во Бугарија на државјаните на Македонија, Израел, Турција и Србија

Од:

Граѓаните на Северна Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарската министерка за здравство Асена Шербезова.

„Од четврток, 20 јануари, државјани на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, Р. Северна Македонија, Израел, Турција и Србија, која е во „црвената“ зона, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за КОВИД за вакцинација или прележана болест, со негативен резултат од ПЦР-тест до 72 часа пред влез“, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.

Исто така на 20 јануари „црвената зона“ ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Република Малдиви, Фиџи, Демократска Република Сао Томе и Принсипе, Сент Винсент и Гренадини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски