Во Скопје утрово осамна гигантски велосипед. Урбаната уметничка акција „Гигански велосипед“ има цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но, за жал, многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја ситуација.
Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на речиси секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000. велосипед.
Гигантскиот велосипед е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.