Се крадат сообраќајни знаци во Неготино

Од:

Се крадат знаци за сообраќајна сигнализација од патиштата, а со тоа возачите се доведуваат во заблуда кога патуваат, соопшти денеска раководителот на подрачната единица на „Македонија пат“ во Неготино, Петар Емшов.

– Апелирам до несовесните граѓани да престанат да прават штета во сообраќајот. Последиците од таквите непромислени постапки ги трпиме сите ние заедно, нагласи Емшов.

Истовремено информираше дека во моментов се ангажирани на санација на оградите на патиштата кои се оштетени од сообраќајни несреќи на повеќе места во регионот кој го покрива оваа подружница.

Продолжува и обележувањето на патиштата со хоризонтална сигнализација како и чистењето на одроните кои ги предизвикаа дождовите на одделни места.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко