Се комплетираат имињата на кандидатите за градоначалници

Од:

СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20-тина кандидати за градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на комплетно нови имиња и до средината на месецов ќе соопшти уште толку.

Двете партии за своите кандидати сметаат дека се фаворити. Според генералниот секретар Љупчо Николовски, СДСМ ја креира најдобрата понуда за секоја општина, додека според лидерот Христијан Мицкоски, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат зашто во споредба со оние од СДСМ имаат што да понудат.

Како што рече Николовски на брифинг со новинарите, СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен под слоганот „Најдоброто“. Партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските органзиации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

-Ќе ја креираме најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори. Нашите анкети велат дека СДСМ е фаворит на изборите, имаме поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на лидери и на ниво на партии, истакна Николовски.

Според него, ако на тоа се додаде коалицискиот капацитет на СДСМ јасно е дека СДСМ е победник на изборите.

-Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори. На кој начин, во кој обем, во кои населени места, во кој круг и слично ќе зависи од договорот. Коалицијата на СДСМ е победник на изборите, порача Николовски.

Досега, додаде, има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници.

Повеќе детали за изборна соработка, како што беше речено на брифингот, ќе можат да се соопштат по лидерската средба Заев – Ахмети која се очекува идната недела. Заев веќе имал средба со лидерите од коалицијата на СДСМ и од нив не било најавено дека ќе имаат посебни кандидати за градоначалници.

-За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември. Актуелните 15 имиња се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници, додаде тој.

Мицкоски оцени дека по изборите ќе се сменат многу работи на политичката сцена.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска