Се изработува социјален план за Општина Крива Паланка

Од:

Општина Крива Паланка денеска го отпочна процесот на изработка на Социјален план за територијата на Општината.

Во големата сала за состаноци на локалната самоуправа денеска се одржа првиот работен состанок на кој присуствуваа градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, претставници на општинската администрација, членови од општинскиот Совет за социјална заштита, претставници од повеќе локални институции како и претставници од Здружението на пензионери.

-Сите присутни чинители од локалната заедница со свои сугестии, предлози, идеи и со своето искуство во областите во кои дејствуваат даваат значаен придонес за квалитетна изработка на социјалната карта и план за општината, значаен документ за скрининг и детекција на социјалните проблеми во нашата општина. Со ова ќе се изврши детекција на социјалните проблеми и ќе се изготви социјален план за општината кој во иднина ќе придонесе за правилно насочување на ресурсите за подобар живот и справување со потешкотииите во секојдневието на лицата во социјален ризик, рече Мицевски.

Социјалниот план на Општина Крива Паланка го изработуваат локалната самоуправа на Крива Паланка, Министерството за труд и социјална политика и „ЕПТИСА“.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски