Се излеаја фекалии, голем помор на риби во Вардар кај Градско

Од:

Голем помор на риба и останатиот жив свет во Вардар кај Градско утрово во 4:30 часот се случи пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско.

Како што информира за МИА Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ Велес за поморот тој бил рано утрово бил известен од својата рибочуварска служба во Градско која направила увид на терен и увидела дека поморот е предизвикан поради пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во кое се собираат фекалиите што се користат како репроматеријали за работа на биогасната централа.

-Кога се излеало езерцето, водата со фекелиите поминала под мостот на патот Велес – Градско, оттаму преку една нива дирекно во реката Вардар по што е предизвикан поморот, појасни Наумоски.

За поморот од ЗСР„Бабуна“ го известиле градоначалникот на Општината Градско со кој се во контакт и ги координираат активностите во врска со поморот на рибата.

Воедно од ЗСР „Бабуна“ го известиле и надлежниот Државен инспектор за животна средина, а кој веќе е на терен и прави увид. Од ЗСР „Бабуна“ за поморот на рибите го известиле и локалниот инспектор на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес.

Би можело да ве интересира

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново ќе биде завршен до крајот на годинава

Сообраќајка кај наплатната рампа кај Градско-четири лица се повредени

Анита Петровска Рајковиќ

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот до 3 февруари

Невреме во Градско, паднато дрво на стариот пат

Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес – Градско