Се истражува оштетувањето на електричната табла до прилепската модуларна болница каде има 17 пациенти

Од:

Нема никакви проблеми со функционирањето на модуларната болница по Прилеп по инцидентот со оштетувањето на таблата за напојување со електрична енергија кој го истражува полицијата, информираат кусо од болницата.

Инаку, синоќа болницата ја информирала полицијата, која направила увид, дека обезбедувањето забележало физичко оштетување, со хебла на таблата која е веднаш до модуларната болница и ја напојува со електрична енергија. Полицијата го истражува случајот, а земени се и снимките од безбедносните камери.

Според директорката на Општа болница со проширена надлежност од Прилеп Кети Смилеска, која кусо телефонски информираше, нема проблеми во функционирањето на модуларната болница каде се хоспитализирани 17 ковид-пациенти.

-Во модуларната нема никаков прекин на струја, ниту е нарушено функционирањето. Од 17 хоспитализирани пациенти, 14 се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се во тешка здравствена состојба, информира Смилеска.

По големата трагедија во тетовската модуларна болница, во прилепската имало вонредни инспекциски контроли и надзор на исправноста на противпожарните апарати, уредите и на електричната инсталација и не е најден никаков пропуст.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска