А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се истражува кој ги запали возилата во штипската населба Сењак

by А1он24/10/2019 - 16:1724/10/2019 - 16:17330
Share0

Полицијата истражува кој стои зад опожарувањето на петте возила, од кои три се целосно изгорени, а две се делумно оштетени. Трите опожарени возила што утринава целосно изгореа во пожар на улицата „Борис Крајгер“ во штипската населба Сењак се уште стојат на паркинг просторот. Станарите меѓу кои и Стефан Димитров сведочат дека пожарот настанал по пет часот. Слушнал силна експлозија и веднаш излегол за да помогне.

Добивај вести на вибер

-Беше навистина застрашувачки. Се гледаше дека горат три автомобил. За среќа пожарникарите брзо пристигнаа и не дозволија да се прошири пожарот. Еве гледате на еден од становите е и стопена ролетната. Соседот од тој стан со црево не дозволи да се запали, вели Димитров.

Во пожарот целосно се изгорени и две возила на Никола и Мите Тушеви, брат и татко на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева.

Тушев не сакаше да даде изјава. Смета дека треба да заврши истрагата, но не го исклучува политичкиот мотив. Возилата на Тушеви според првичните докази на терен се намерно запалени, пронајдени се хебли, со кои се скршени задните стакла, а потоа преку нив е фрлена запалива течност.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека брзо интервенирале и спречиле огнените јазици да се прошират. Смета дека при вакви пожари на возила постои опасност за предизвикување поголеми штети.

-Во пет часот градот се буди можело да има и други минувачи, за среќа нема повредени лица, но секако дека е опасно, бидејќи во овие моторни возила има запливи течности, брзо гори ентериерот на возилото. Така што еден од потешките пожари е на запалено возило, вели Атанасов.

Според статистичките податоци на ТППЕ-Штип од почетокот на годината досега на територија на Општина Штип интервенирале на 19 случаи на опожарени возила, од кои повеќе се случајно запалено, но за некои има сомнение дека се дело на пиромани. Се очекува по увидот на крим техника од Скопје да се добијат подетални информации за овој случај.

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен