Се гради уништениот мост од поплавите на река Брегалница кај Зрновци

Од:

Работници и механизација на конзорциумот „Фресине –Гранит“ од Скопје работат на изградбата на мостот на река Брегалница кај село Зрновци, уништен во поплавите во февруари 2015 година.

– По изградба на главните чипови за поставување на столбовите, кои ќе бидат носители на конструкцијата на мостот, градежна механизација на конзорциумот „Фресине –Гранит“ ги постави основите за столбовите на мостот и започна со поставување на конструкцијата на мостот. Реката Брегалница е пренасочена во делот каде што моментно не се работи, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

Мостот е со должина од 96,5 метри и е широк седум метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари средства обезбедени од Европската унија преку УНДП.

Носители на активностите за изградбата на мостот кој ке ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски,Министерството за земјоделие и општина Зрновци.

Сообраќајот помеѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решение на неколку метри под мостот. Целосната изградба на мостот се очекува да заврши до крајот на јули.

Би можело да ве интересира

Обвинение за скопјанецот кој истепа две деца на натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Притвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

А1он

МВР: Уапсен е еден родител кој учествувал во инцидентот во Штип

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Две деца се тешко повредени откако родители на играчи на „Шкупи“ влетаа на терен и нападнаа фудбалери на „Брегалница“

Горан Наумовски

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Во реката Брегалница е пронајдено тело на маж по кого се трагаше