Се гради прочистителна станица кај село Кучичино

Од:

Општина Чешиново Облешево ги започна градежните работи за изградбата на пречистителна станица во населеното место Кучичино. Станува збор за мала пречистителна станица за одпадни води која ќе ги преработува водите од неколку населени места во овој дел на општината и истите пречистени ќе ги исфрла во река Брегалница.

– Прокетот го добивме во рамките на вториот повик за инфраструктурни прокети по сливот на река Брегалница, финансиран од Швајцарската амбасада преку прокетот за управување со речниот слив на Брегалница. Вкупната вредност за изградбата на оваа пречистителна станица изнесува 23 милиони денари, а средствата се обезбедени Швајцарската агенција за развој и соработка SDC, информира Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.

Изградбата на пречистителната станица, според Личков, ќе придонесе за намалување на еколошката загаденост како и за биолошкиот свет на река Брегалница, а ќе придонесе и за чиста животна средина во овие населени места.

Пречистителната станица се гради во месноста викана Долна Лака во катастарската општина Кучичино, а изведувач на работите е „ЕкоИна“ од Република Хрватска, додека подизведувач е компанијата„Алфа инженеринг“ од Радовиш.

Би можело да ве интересира

Земјоделци од Чешиново-Облешево ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Ана Ололовска

Протест на жителите на Чифлик: Бараат чиста вода за пиење и канализација

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на Ковид-19, од утре почнува со работа

А1он

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

А1он

Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите општини што ќе го имплементираат Договорите за заштеда на енергија

А1он

Општина Чешиново-Облешево инвестира во изградба на улици во три населени места

Ана Ололовска