Се гради патот кон езерото Мантово

Од:

Почна изградбата на патот кон езерото Мантово во должина од 4.500 метри. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев вели дека ова е еден од најзначајните локални патишта, што ќе го поврзат Штип со Општина Конче, но и со најблиската акумулација.

– Еден од најзначајните локални патишта, што ќе поврзува две општини, тоа е патот од 20-ти километар, до браната Мантово. Понатаму си го презема Општина Конче, со што Конче и Штип ќе бидат поврзани со убав пат. Штипјани од 1 јуни ќе можат често да патуваат до акумулацијата Мантово, едно од најубавите вештачки езера, кое дел се наоѓа и на штипска територија, а за до таму ќе имаат асфалтен пат, вели Захариев.

Изградбата на патот од 20-тиот километар до езерото Мантово чини околу 500.000 евра и се реализира преку Агенцијата за патишта, а е финансиски поддржан преку Европската банка за обнова и развој.
Штипскиот градоначалник Захариев истакна дека општината мора да најде начин и за изградба на локални патишта кон селата Горачино, Пухче и Калапетровци.

Би можело да ве интересира

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство