Се гради нова водоводна линија на улица „Белградска“ во општина Центар

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација, Душко Вескоски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на новата водоводна мрежа во должина од 1000 метри на улица „Белградска“ во општина Центар.

Како што известува Град Скопје, со изградбата на новата водоводна мрежа, што го опфаќа делот на улица Белградска од крстосницата со булеварот Мајка Тереза до крстосницата со улицата Димче Мирчев, се обезбедува оформување на циркулационен прстен, односно поврзување на два големи цевковода.

Оваа водоводна мрежа е со лиено дуктилни цевки со дијаметар од 200мм и ќе овозможи подобрување на притисокот во водоводната линија за сите корисници во тој дел на Центар. На новата мрежа ќе се поврзат и дел од болниците во Клинички центар Мајка Тереза, како Универзитетска клиника за хематологија Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, а Универзитетската клиника за детски болести ќе добие сосема нов приклучок, соопштува Град Скопје.

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје за реализација на овој зафат издвои 14.500.000 денари.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата