Се гради нова коловозна лента на потпатникот на магистралниот пат Кичево –Гостивар

Од:

Со средства од општина Кичево почна изградбата на втората коловозна лента на потпатникот под магистралниот пат Кичево-Гостивар.

– Овој градежен зафат ќе се реализира во две фази. Во првата фаза ќе се изврши дислокација на река Сушица од постоечкото корито, а потоа во сегашното корито ќе биде изградена втората коловозна лента, рече на прес-конференција градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.

Тој додаде дека деновиве се врши бетонирање на новото речно корито, зафат кој треба да заврши за најмногу два месеци или поточно до крајот на мај, по што ќе следи и изградбата на втората коловозна лента.

Дехари исто така истакна дека на истиот потег ќе биде поставена и нова водоводна цевка со профил ф-400 милиметри во должина од 350 метри, што ќе ја чини компанијата над 40.000 евра.

– На ова место ќе биде изграден уште еден кружен тек, што ќе овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и поголема сигурност за пешаците од населбите во правец на Раштански Пат, каде гравитираат над 2.500 жители, рече градоначалникот Дехари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар