Се гласа на 3.526 избирачи места во седум изборни единици

Од:

Денешните предвремени парламентрани избори се спроведуваат според пропорционалниот модел во 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и една – седма изборна единица со 46 избирачки места за гласање во странство.

Според заклучениот Избирачки список право на глас имаат 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија. На посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.

Во Првата изборна единица право на глас имаат 295.948 граѓани, а ги опфаќа општините Чаир, Аеродром, Центар, Карпош, Кисела Вода, Македонски Брод, Сарај, Сопиште и Студеничани.

Во втората изборна единица се Шуто Оризари, Ѓорче Петров, дел од општината Чаир, Чучер Сандево, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Куманово, Липково и Старо Нагоричане, а можат да гласаат 306.471 лице.

Во третата изборна единица право на глас имаат 280.727 жители на Штип, Чашка, Чешиново-Облешево, Берово, Делчево, Градско, Илинден, Карбинци, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Пехчево, Петровец, Пробиштип, Ранковце, Старо Нагоричане, Свети Николе, Велес, Виница, Зелениково и Зрновци.

Четврата изборна единица има 282.537 гласачи, а ги опфаќа Битола, Богданци, Босилово, Демир Капија, Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Конче, Кривогаштани, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Прилеп, Радовиш, Росоман, Струмица, Валандово и Василево.

Дел од жителите на општината Битола ќе гласаат во Петата изборна единица каде исто така се општините Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Демир Хисар, Долнени, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Охрид, Пласница, Ресен, Струга и Вевчани. Во ИЕ 5 право на глас имаат 290.433 граѓани.

Изборната единица шест има 307.817 гласачи, а ги опфаќа Желино, Боговиње, Брвеница, Дебар, Гостивар, Јегуновце, Кичево, Маврово и Ростуше, Теарце, Тетово и Врапчиште.

Најмногу гласачи во Избирачкиот список се запишани во Куманово во Втората изборна единица – 89.802, а најмалку во Вевчани во Петата изборна единица – 2.070.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он