А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се формира работна група за измени на Изборниот законик

by А1он01/12/2020 - 14:14281
Share0

Во Министерството за правда во тек е формирање работна група која ќе треба да работи на измени на Изборниот законик со цел да се овозможи организирање избори во кои ќе имаат доверба сите граѓани. Ќе треба да се вградат сите препораки од ОБСЕ-ОДИХР од поледните избори но може и да се размислува за промена на изборниот модел. Работната група треба да содржи 12 членови, од кои шест треба да бидат делегирани од политичките партии, а ќе има претставници и од ДИК, ОБСЕ, МОСТ, ИФЕС, СЕП и НДИ.

Добивај вести на вибер

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски смета дека треба да се прекине со праксата за чести и измени кои се праваат непосредно пред одржувањето избори, оти на таков начин се доведуваме во ситуација да има одредби кои се во тотална спротивставеност едни со други, иако се дел од Законикот. Сето ова, според него, оневозможува нивна доследна примена, а со тоа и се нарушува процесот на организација.

– Апелирам да се промени праксата за измена на Изборниот законик често и во 5 до 12, за да им се даде на изборните органи вистински да го организираат процесот. Најголема слабост кај нас е довербата кон институциите и мораме да го јакнеме нивниот капацитет и чист добар изборен законик кој нема да отвора дилеми во организација и споведување на изборите, нагласи Деркоски.

За тоа каков изборен модел ќе биде избран, рече претседателот на ДИК, одлучуваат политичките чинители.

Тој смета дека има време да се изготви целосно нов изборен законик и тој да биде готов пред одржувањето на локалните избори што треба да се организираат идната година.

Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда потврди дека во Министерството се работи на формирање работна група, но, потенцира дека иако во неа треба да има претставници од политичките партии тие се уште не ги делегирале. Се надева дека тоа ќе го направат до средината на декември, по што, како што рече, би можел да почне процесот на изготвување. Таа нагласи дека најверојатно ќе се работи потворно само на измени на Изборниот законик.

– Мандат на работната група ќе биде да се имплементираат сите препораки што беа во последниот Извештај од предвремините парламентарни избори и да се размислува за промена на изборниот модел, рече Лазареска-Геровска.

Дека има неусогласености во законските одредби смета и Катица Николовска од Државната комисија за спречување корупција, посочувајќи го примерот во делот на финансирање на политички партии.

– Последните измените направија такви недоразбирања и неусогласеност на самите одредби што на пример за финанирање политички партии се дозволи покрај средства од наменска сметка да можат да се користат и средствата од редовните сметки. Настана мешаница во висината на износите што едноставно на мала врата се дозволи за изборни цели да се користат разнични износи на средства кои ги уплаќаат правните и физичките лица, рече таа.

Учесниците на трибината, меѓу другото, апалираа да се обрне внимание и во иднина да нема проблеми со системот за прибирање и презентација на резултатите, што, како што посочија, во голем дел ја нарушува довербата на граѓаните во процесот. Побараа и да се овозможи вклучување на лицата со посебни потреби во политичкиот живот, односно да имаат право да бираат и да бидат бирани.

izboren zakonikpravda

Би можело да ве интересира

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 18:26

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Горан Наумовски19/12/2025 - 08:33

Левица бара измени во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски18/11/2025 - 11:47

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Горан Наумовски06/10/2025 - 12:48

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Горан Наумовски03/10/2025 - 13:58

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 18:4016/08/2025 - 18:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен