Се е подготвено за пречекот на Тарчуловски

Од:

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ се е подготвено за пречекот на Јохан Тарчуловски, кој треба да пристигне околу 15:00 часот.

На аеродромот се собрани членови на неговото семјство, пријатели и поддржувачи, како и голем број граѓани кои сакаат лично да го поздрават и да му посакаат добредојде.

Здружението за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“, како и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаат да дојдат и лично да го пречекаат Тарчуловски.

По пречекот на скопскиот аеродром, предвидено е Јохан околу 15:45 часот да има средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија.

На плоштадот „Македонија“ во 16:30 часот ќе биде организирана и прослава во чест на враќањето на Тарчуловски на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.

Јохан Тарчуловски вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен.

Вчера, по излегувањето од затворот, тој беше пречекан од неговата сопруга Соња, блиски пријатели и иселеници, како и од македонската амбасадорка во Германија Корнелија Утевска – Глигоровска и од амбасадорот во Холандија Никола Димитров.

Заедно со сопругата, Јохан ја посети и македонската црква „Свети Никола“ во Мајнц, Германија.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска