Се чистат одрони на патот Делчево – М.Каменица

Од:

Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала, каде одронет материјал се има спуштено на дел од коловозот.

Сообраќајот не е во прекин, а возилата се пропуштаат по кратко задржување додека трае расчистувањето.

Според информации од надлежните служби, одрони има и на други места долж магистралата, поради што препораката е возачите да се движат со посебно внимание и прилагодена брзина.

Работите на терен се во тек.

Би можело да ве интересира

Патот Крива Паланка – Деве Баир во прекин поради одрон

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Дождот направи проблеми: Поплавени подруми, одрони и затворени патишта

Катерина Ѓуровски

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента

Одрони на патот кај селата Истибања и Калиманци

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата