Се чистат дивите депонии во општина Кисела Вода

Од:

Во општина Кисела Вода денеска почна акција за чистење диви депонии, која ќе се одвива наредните неколку дена.

Како што информира општина Кисела Вода, се чисти депонијата на улицата „Герника“, на последната автобуска постојка со број 41 во Драчево. – И покрај сите апели од општината, и покрај засилените инспекциски контроли од оваа локација на секоја акција за чистење се собираат повеќе од 10 тони смет и градежен шут, се вели во соопштението од општина Кисела Вода.

Смет се отстранува и при редовното чистење на каналот на Мала Рада во селото Драчево, но и на повеќе микро локации низ целата општина кои се веќе дефинирани како црни точки.

Општина Кисела Вода информира дека ќе продолжат активностите за расчистување на теренот и апелираат за совесно однесување и за почитување на законските одредби, кои за вакви дела предвидуваат казни во висина од 50 евра за физички лица и 2.000 евра за правни лица.

– Ги охрабруваме граѓаните кои ќе детектираат и директно ќе посведочат на несовесно однесување на одредени граѓани кои незаконски го одложуваат отпадот на јавна површина, веднаш да ги пријават во Комуналната инспекција при општина Кисела Вода, се вели во соопштението од општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода