Се чекаат уште шест избирачки места за да се прогласи победата на Жерновски

Од:

После поприлично доцнење на резултатите од шест избирачки места од општина Центар, се уште не може да се констатира победник во трката за градоначалник на општина Центар.

Но веќе сега условот за победа го остави кандидатот за градоначалник на општина Центар, од здружената опозиција „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски.

Најмалку 59 општини досега ги финализираа пребројувањата до 14 часот, но веќе неколку часа во општина се пребројуваат гласовите од шест избирачки места, а преброени се гласовите од останатите 60, односно 90,91 отсто.

Сега Андреј Жерновски според резултатите обработени од Државната изборната комисија има 1.339 гласови повеќе од неговиот против кандидат Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски го има и потребниот цензус, односно за него гласале 51,78 отсто од вкупниот број на гласачи во општината. Бројот на неважачки ливчиња во оваа општина се 1.231.

Според законската процедура, за победа во првиот круг треба да се исполнат два норматива.

Првиот да се обезбеди потребниот цензус од 33 отсто излезност, а вториот услов е 51 отсто од таа една третина да гласат за еден од кандидaтите.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?