Се чекаат резултатите од починатата жена во Струга, како и на 16 пациенти од Заводот за рехабилитација-Козле каде има заболени вработени

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека сеуште се чекаат резултатите на 16 пацинети од Заводот за рехабилитација во Козле каде има заболени здравствени работници. Тој кажа дека сите кои имаат потреби од услугите кои ги нудел заводот, сега ќе ги добијат во болницата „8-ми септември“.

Досега не се изработени резултатите од тестирањето на пациентот од Битола и жената од Лабуништа која вчера почина на струшката клиника. Филипче најави дека резултатите ќе бидат дополнително соопштени.

„Мобилната болница е при крај. Завршен е доводот на греењето и ладењето, како и доводот на воздухот. Има слбооден капацитет на клиниката за Инфективни болести. Во тек е надополнувањето на кадри согласно планот за ротација за поддршка на персоналот кој работи на Инфективната клиника“, посочи министерот.

Во однос на болницата во Охрид, каде директорката беше разрешена, Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил пропусти.

„Завршен е увидот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Утврден е пропуст и ќе бидат преземени сите мерки. Новиот директор ја презема целата болница и прави реорганизација“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме