Се чека клиничка потврда дали детето од Прилеп има западно-нилска треска

Од:

Петгодишно дете со симпотоми слични на западно-нилска треска е хоспитализирано на Детската клиника веќе десет дена и е во стабилна состојба, потврди денеска доктор Филип Дума специјалист невролог при Детската клиника.

– Дијагнозата се уште не е потврдена. Наодите од лабораториите се во склоп на западно-нилски енцефалит, но треба да имаме и клиничка потврда. За среќа детето веќе десетти ден е на клиника и се опоравува, вели др. Филип Дума.

Директорката на Универзитетската Клиника за детски болести Аспазија Софијанова истакна дека како клиника се секогаш подготвени на најлошите работи независно во каква состојба ќе дојде детето.

– Иако е овој временски период не смееме  да исклучиме секаква можна кондиција и секаква можна болест, рече Софијанова која изрази задоволство од лекарскиот тим на клиниката кој велчи навреме ги препознава и навреме ги дијагностицираат болестите.

Во меѓувреме, Гоце Ингилизов, директорот на Центарот за јавно здравје од Прилеп информира дека првично е потврдено дека детето кое е хоспитализирано на Детската клиника на 20 јануари е со позитивен наод на западно-нилска треска (West Nile Virus).

– Во тек е испитување на втор серум, заради следење на динамиката на титарот на антитела и утврдување на фазата на болеста, информира Ингилизов.

Лекарите со укажување дека западно-нилската треска како заболување не е опасно за популацијата и нема потреба од паника. Многу поопасно од ова заболување кое не остава пследици, велат е грипот, а главна популација која страда се мали деца и возрасни луѓе.

Доктор Филип Дума апелира да не се жигосуваат пациенти кои биле заболени од ова вирусно заболување, бидејќи тоа не се пренесува од човек на човек, туку од комарец  на човек.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски